Early Bird понуда · Есенска група 2026

Научи го процесот зад впечатливиот 3D дизајн. Започни со Внатрешен дизајн

Со AutoCAD, 3ds Max & Corona Render + работа на реален проект

Ако те привлекува уредувањето на простори, ентериерите, 3D визуелизацијата или сакаш да започнеш кариера во внатрешен дизајн, оваа програма те води низ целиот практичен процес — од технички цртеж до финален render.

Ќе научиш како да креираш функционален простор, да го претвориш во точен технички цртеж, да го изградиш во 3D, да поставиш материјали, светло и камера, и да подготвиш визуелна презентација за клиент, работодавач или портфолио.

Практична програма со AutoCAD и 3ds Max
Работа на реални цртежи, 3D сцени и финален проект
Можност да изградиш портфолио со конкретни визуелни резултати
Европски акредитиран CPD сертификат
Погодно за почетници и за систематски влез во 3D дизајн
Early Bird во готово580€
На рати680€
Регуларна цена800€

Пополни ја формата

Нашиот тим ќе те контактира со сите детали за програмата, слободните места, плаќањето и почетокот на групата.

Искористи Early Bird услови пред редовниот есенски упис

Чекор 1 од 4

За прашања и консултации, контактирај нè преку Вибер, WhatsApp или телефонски на 077 648 049

CPD
80 CPD кредити · #1018010Европски акредитиран сертификат
3месеци учење
1месец реален проект
2практични модула
2инструктори од индустрија
80CPD кредити
Есен 2026почеток
Зошто Внатрешен дизајн

Добриот ентериер не е само идеја — тоа е процес, техника и презентација

Многу луѓе имаат вкус за простор, боја и атмосфера. Но за да се претвори идејата во професионален проект, потребни се алатки, структура и практична работа.

01

Имаш идеи за ентериери, но не знаеш како технички да ги претставиш.

02

Гледаш 3D визуелизации и render-и, но не знаеш од каде да почнеш.

03

Не познаваш алатки како AutoCAD, 3ds Max и Corona Render.

04

Немаш портфолио со проекти што можеш да го покажеш пред клиент или работодавач.

05

Сакаш да влезеш во креативна професија, но ти треба практична структура и менторство.

Овој Bootcamp ти го дава процесот од почеток до крај — од основен цртеж, преку 3D моделирање, до финална визуелна презентација на ентериер.

Што ќе научиш

Што ќе знаеш на крајот од програмата

01

Да работиш со основните и напредни алатки во AutoCAD.

02

Да креираш технички цртежи, димензии, layers, блокови и layout за печатење.

03

Да изработиш 2D цртеж и да го подготвиш за понатамошна 3D работа.

04

Да навигираш и работиш во 3ds Max.

05

Да креираш и модификуваш 3D објекти и сцени.

06

Да користиш polygon modeling, line modeling и subdivision техники.

07

Да поставуваш материјали, текстури, UV mapping, светло и камера.

08

Да подготвиш сцена за Corona Render.

09

Да направиш финална 3D визуелизација и презентација.

10

Да изградиш проект што може да биде дел од твоето портфолио.

Алатки

Целиот процес на ентериер дизајн, чекор по чекор

AUTOCAD ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖ 3DS MAX CORONA RENDER ПОРТФОЛИО ПРОЕКТ

Прво ја учиш логиката на цртање и техничка документација во AutoCAD. Потоа го пренесуваш размислувањето во 3D преку 3ds Max, каде што учиш моделирање, материјали, светло, камера и финален render. На крајот добиваш процес што можеш да го повториш на реални ентериер проекти.

За кого е програмата

Дали ова е вистинската програма за тебе?

01

Почетници кои сакаат да влезат во внатрешен дизајн

За луѓе кои имаат интерес за ентериери, но им недостасува практично знаење за софтвери, техничко цртање и 3D визуелизација.

02

Студенти и млади професионалци од архитектура, дизајн или градежништво

За оние кои сакаат да ги надградат академските основи со практична работа во AutoCAD, 3ds Max и render workflow.

03

Луѓе кои сакаат фриленс или дополнителна услуга

За креативци кои сакаат да нудат визуелизации, технички цртежи или презентации на ентериер проекти за клиенти.

04

Професионалци од продажба на мебел, недвижности или уредување простор

За луѓе кои работат со простори, клиенти и визуелна презентација, а сакаат да комуницираат идеи на попрофесионален начин.

Програма

Два практични модула, еден целосен процес за ентериер проект

Програмата започнува со AutoCAD и техничко цртање, а продолжува со 3ds Max, моделирање, материјали, камера, светло и финален render.

Модул 1 AutoCAD: Техничко цртање и подготовка за проект 12 лекции · AutoCAD

Го учиш процесот на техничко цртање — од основни алатки и модификации, преку котирање, layers и блокови, до подготовка за печатење и вовед во 3D.

01Основи на AutoCADСофтвер и подготовка · Line алатка · Модификација на елементи · Едноставен цртеж
02Напредно цртањеCircle алатка · Дополнителни модификации · Покомплексен цртеж
03Самостојно цртањеВежбање со изучени алатки · Самостојна задача · Препознавање грешки и корекции
04Текст и котирањеТекст и димензии · Layers · Комбинирање алатки во еден цртеж
05Блокови и применаКреирање и вметнување блок · Практичен цртеж · Организација на елементи
06Работилница — Цртачка вежбаПрактични задачи · Самостојна работа со менторски насоки · Посложени цртежи
07Подготовка за печатењеНапредни корекции · Layout и принтање · Проверка пред презентација
08Дополнителни алатки (Draw таб)Опции од Draw мени · Примена во практичен цртеж
09Вовед во 3D работа3D работен простор · Едноставен 3D објект · Премин од 2D во 3D логика
10Напредно 3D цртањеПокомплексни 3D цртежи · Форми, волумени и простор
11Рендерирање во AutoCADСветло и материјали · Изработка на render · Визуелна презентација на 3D објект
12Работилница — Финални вежбиСамостојна работа · Преглед на наученото · Презентација и feedback

Практичен резултат: Учесникот знае да креира, организира, котира и подготви технички цртеж во AutoCAD, како и да разбере основна 3D логика.

Модул 2 3ds Max: 3D моделирање, материјали и render 18 лекции · 3ds Max · Corona Render

Го градиш просторот во 3D — од интерфејс и објекти, преку полигонско и subdivision моделирање, до материјали, Corona Render, светло, камера и финална визуелизација.

01Вовед во 3ds MaxИсторија, потреба и примена · Употреба во ентериери и визуелизација
02Интерфејс и основиНавигација · Viewport · Display settings · Организација на просторот
03Работа со објектиКреирање · Селекција и трансформација · Модификации · Логика на 3D сцена
04Менаџирање на сценаLayers · Групирање · Организација · Контрола на видливост и структура
05Полигонско моделирање (Edit Poly)Bridge · Cut · Slice · Edge extrusion · Ring & loop · Ентериер елементи
06Прецизно моделирањеSnap · Scaling · Aligning · Reset трансформации · Прецизност
07Вежби: Основи на моделирањеОсновни алатки · Едноставни форми · Просторна логика
08Моделирање со линија (2D)Креирање и модификации на линија · 2D во 3D · Ентериер детали
09Вежби: Intermediate моделирањеПосложени елементи · Комбинирање техники · Практични примери
10Subdivision моделирањеNon-quads · Concave полигони · Subdivision техники · Контрола на форма
11Вежби: Advanced моделирањеПосложени модели · Поправање геометрија · Подготовка за render
12Основи на материјалиРабота и прилагодување · Површини, рефлексија и визуелен стил
13Corona RenderПоставување и рендерирање · Render setup · Подготовка на сцена
14Светло и камераОсветлување · Позиционирање камера · Атмосфера во ентериер сцена
15Текстурирање и UV MappingUnwrap · Мапирање · Материјали за реалистичен изглед
16Финален render на сценаПодготовка за презентација · Проверка на сцена · Финален визуелен резултат
17Вежби со материјали, светло и камераФинална сцена · Финални корекции · Render за презентирање
18Финална презентација / Завршна работилницаПрезентација на проектот · Feedback · Насоки за портфолио

Практичен резултат: Учесникот знае да изгради 3D сцена, да моделира ентериер елементи, да постави материјали, светло, камера и да подготви финален render.

Резултат

Што имаш во раце на крајот од Bootcamp-от

Разбирање на процесот од идеја до технички цртеж.

Практично искуство со AutoCAD за цртање, котирање, layers, blocks и layout.

Основи и напредни техники за работа во 3ds Max.

Изработена 3D сцена со материјали, светло и камера.

Финален render или визуелна презентација.

Проект кој може да се користи како почетен дел од портфолио.

Јасна слика што е потребно за понатамошно усовршување во ентериер и 3D визуелизација.

Практични проекти

Од технички цртеж до визуелен ентериер проект

Во текот на програмата, студентите не учат само алатки изолирано. Тие работат на конкретни цртежи, моделираат елементи, поставуваат материјали, тестираат светло и камера, и подготвуваат сцени што изгледаат како реална презентација за ентериер проект.

  • Технички цртежи и layout-и во AutoCAD
  • 3D сцени на ентериер простори
  • Визуелизации на дневни соби, кујни, бањи или комерцијални простори
  • Render-и подготвени за презентација
  • Портфолио материјали за клиенти или работодавачи
3D модел на ентериер изработен во AutoCAD
AutoCAD · 3D модел Од технички цртеж до 3D просторен модел
Визуелизација на бања со мермер и дрвен елемент
3ds Max · Corona Бања — мермер и дрво
Визуелизација на кујна и трпезарија во темни тонови
3ds Max · Corona Кујна и трпезарија
Визуелизација на спална соба со тркалезно огледало и амбиентално светло
3ds Max · Corona Спална соба — топла атмосфера
Визуелизација на работна соба со тросед, биро и природно светло
3ds Max · Corona Работна соба / домашен канцелариски простор
Визуелизација на дневна соба со бела ТВ зона и библиотека
3ds Max · Corona Дневна соба — ТВ зона и библиотека
Визуелизација на влезен простор со дрвена плоча и керамика
3ds Max · Corona Влезен простор

Проекти изработени од студенти на Bootcamp-от за Внатрешен дизајн.

Инструктори

Запознај ги инструкторите

Програмата ја водат практичари со искуство во AutoCAD, 3D визуелизација, моделирање и реални проекти.

Ивица Мирчевски
Ивица Мирчевски
Mechanical Engineer

Ивица е дипломиран универзитетски инженер по машинство со повеќе од 3 години искуство како инструктор во SMX едукациите. Има силно практично искуство со AutoCAD, стекнато преку успешно завршени проекти, часови и обуки.

Во изминатите години има обучено над 10 групи студенти, помагајќи им да ги совладаат основните и напредните техники на AutoCAD и да ги применат во реални проекти. Неговиот пристап е практичен, јасен и насочен студентите веднаш да го разберат процесот на техничко цртање.

AutoCADТехничко цртањеПрактични проектиMechanical EngineeringМенторство
Димитар Бојчев
Димитар Бојчев
3ds Max Дизајнер

Димитар има 6 години искуство со 3D визуелизација користејќи 3ds Max, Corona и V-Ray. Специјализиран е за ентериери, екстериери и product modeling / hard surface моделирање.

Поголемиот дел од своето искуство го стекнал работејќи за странски компании, како и како фриленсер со архитекти, дизајнери и агенти за недвижности од различни земји. Знаењето го пренесува на јасен и применлив начин за сите што сакаат да навлезат во светот на 3D визуелизацијата.

3ds MaxCorona RenderV-Ray3D VisualizationInterior RenderingProduct Modeling
CPDTHE CPD GROUP
ACCREDITED ACTIVITY80 CPD Credits · #1018010
Акредитација

Акредитирана од CPD — британска институција што гарантира квалитет

  • Препознаен квалитет од работодавачи

    CPD акредитацијата значи дека програмата има проверен квалитет и е препознаена од компании ширум Европа. Тоа ти дава предност при вработување.

  • Потврда дека учиш нешто што вреди

    CPD акредитацијата е доказ дека програмата ги исполнува европските стандарди за квалитет.

  • Официјален доказ за твоето знаење

    Добиваш официјален сертификат што го докажува твоето знаење и професионален развој.

  • CPD кредити за професионален развој

    Кредитите можеш да ги додадеш во твоето портфолио или CV и да ги искористиш при пријавување за работа, практикантска позиција или членство во професионални тела.

Искуства

Искуства на претходни студенти

Иако самиот софтвер е обемен и богат со алатки и опции, го надминав со постојано следење на Димитар и применување на неговите совети во пракса. Во текот на целиот буткамп многу ми помогна неговото несебично споделување на искуство и знаење.

Томислав Наумовски

Програмата е интензивна, практична и стручно водена, совршена можност за сите кои сакаат сериозно да се посветат на внатрешниот дизајн. Ова е инвестиција што носи вистински резултати, и секој вложен момент ќе Ви се исплати со стекнато знаење, вештини и самодоверба.

Симон Велковски

Тоа што програмата беше практична и добро структурирана ми помогна полесно да се одлучам. Овој Bootcamp не е само обука, туку почетна точка за сите што сакаат да се изразат преку простор, функционалност и креативност.

Даринка Михајловска
Student Experience

Приказни од нашите студенти

Неколку важни точки

Цена и Early Bird понуда

Резервирај место пред редовниот есенски упис и искористи ги најповолните услови за програмата.

Детали за програмата
ПочетокЕсен 2026
Времетраење3 месеци учење + 1 месец проект
ФорматОнлајн + снимени часови
АлаткиAutoCAD · 3ds Max · Corona Render
ИнструкториИвица Мирчевски · Димитар Бојчев
СертификатЕвропски акредитиран (CPD)
CPD кредити80 CPD Credits · #1018010
Пријава

Како да се пријавиш?

За да се пријавиш, пополни ја кратката форма со кликање на копчето „Пријави се", или директно контактирај нè на 077 648 049.

По пријавувањето, нашиот тим ќе те контактира преку телефон, Viber и email со сите важни детали.

Доколку сакаш веднаш да го обезбедиш своето место во групата, можеш да ја уплатиш првата рата или целосната сума преку линк за онлајн плаќање.

1Пополни ја кратката форма
2Нашиот тим те контактира со деталите
3Резервирај го своето место во групата
4Почеток на програмата — есен 2026
Прашања

Често поставувани прашања

Дали ми треба претходно искуство?
Не е задолжително. Програмата започнува од основите и постепено те води низ AutoCAD, 3ds Max и процесот на визуелизација. Ако веќе имаш основно познавање од цртање, архитектура или дизајн, ќе напредуваш побрзо, но не е услов.
Дали курсот е само за архитекти и дизајнери?
Не. Bootcamp-от е погоден и за почетници, креативци, студенти, луѓе што работат со мебел, недвижности, продажба на ентериер решенија или сите што сакаат да научат како се креира ентериер проект од почеток до визуелна презентација.
Кои програми ќе ги учиме?
Главниот фокус е на AutoCAD и 3ds Max, со примена на Corona Render за финална визуелизација.
Дали ќе работиме практично?
Да. Програмата е поставена околу практични задачи, работилници, вежби, моделирање, render-и и финална презентација.
Дали ќе имам проект за портфолио?
Да. Целта е да изградиш конкретен проект и визуелни материјали што можеш да ги користиш како почетно портфолио.
Што ако не можам да ги следам сите термини во живо?
Часовите се снимаат и остануваат достапни. Можеш да следиш со свое темпо, а за важните задачи и проекти ќе добиеш насоки од инструкторите.
Каков сертификат добивам?
Добиваш европски CPD акредитиран сертификат со 80 CPD кредити, кој можеш да го додадеш во CV, LinkedIn профил или портфолио.
Дали има можност за вработување?
Најдобрите учесници ќе имаат можност за вработување како 3D Generalist во маркетинг агенцијата EON, но тоа не е гаранција за вработување за секој учесник.
Како функционира Early Bird понудата?
Early Bird понудата е наменета за учесници кои сакаат навреме да резервираат место пред редовниот упис и да ја искористат најповолната цена.

Секој впечатлив ентериер започнува со идеја — но станува професионален проект кога знаеш како да го нацрташ, моделираш и презентираш.

Направи го својот чекор кон Внатрешен дизајн.