Да работиш со основните и напредни алатки во AutoCAD.
Ако те привлекува уредувањето на простори, ентериерите, 3D визуелизацијата или сакаш да започнеш кариера во внатрешен дизајн, оваа програма те води низ целиот практичен процес — од технички цртеж до финален render.
Ќе научиш како да креираш функционален простор, да го претвориш во точен технички цртеж, да го изградиш во 3D, да поставиш материјали, светло и камера, и да подготвиш визуелна презентација за клиент, работодавач или портфолио.
Нашиот тим ќе те контактира со сите детали за програмата, слободните места, плаќањето и почетокот на групата.
Искористи Early Bird услови пред редовниот есенски упис
Тимот на SMX Academy ќе те контактира со сите детали за програмата, слободните места и следните чекори.
За прашања и консултации, контактирај нè преку Вибер, WhatsApp или телефонски на 077 648 049
Многу луѓе имаат вкус за простор, боја и атмосфера. Но за да се претвори идејата во професионален проект, потребни се алатки, структура и практична работа.
Имаш идеи за ентериери, но не знаеш како технички да ги претставиш.
Гледаш 3D визуелизации и render-и, но не знаеш од каде да почнеш.
Не познаваш алатки како AutoCAD, 3ds Max и Corona Render.
Немаш портфолио со проекти што можеш да го покажеш пред клиент или работодавач.
Сакаш да влезеш во креативна професија, но ти треба практична структура и менторство.
Овој Bootcamp ти го дава процесот од почеток до крај — од основен цртеж, преку 3D моделирање, до финална визуелна презентација на ентериер.
Да работиш со основните и напредни алатки во AutoCAD.
Да креираш технички цртежи, димензии, layers, блокови и layout за печатење.
Да изработиш 2D цртеж и да го подготвиш за понатамошна 3D работа.
Да навигираш и работиш во 3ds Max.
Да креираш и модификуваш 3D објекти и сцени.
Да користиш polygon modeling, line modeling и subdivision техники.
Да поставуваш материјали, текстури, UV mapping, светло и камера.
Да подготвиш сцена за Corona Render.
Да направиш финална 3D визуелизација и презентација.
Да изградиш проект што може да биде дел од твоето портфолио.
Прво ја учиш логиката на цртање и техничка документација во AutoCAD. Потоа го пренесуваш размислувањето во 3D преку 3ds Max, каде што учиш моделирање, материјали, светло, камера и финален render. На крајот добиваш процес што можеш да го повториш на реални ентериер проекти.
За луѓе кои имаат интерес за ентериери, но им недостасува практично знаење за софтвери, техничко цртање и 3D визуелизација.
За оние кои сакаат да ги надградат академските основи со практична работа во AutoCAD, 3ds Max и render workflow.
За креативци кои сакаат да нудат визуелизации, технички цртежи или презентации на ентериер проекти за клиенти.
За луѓе кои работат со простори, клиенти и визуелна презентација, а сакаат да комуницираат идеи на попрофесионален начин.
Програмата започнува со AutoCAD и техничко цртање, а продолжува со 3ds Max, моделирање, материјали, камера, светло и финален render.
Го учиш процесот на техничко цртање — од основни алатки и модификации, преку котирање, layers и блокови, до подготовка за печатење и вовед во 3D.
Практичен резултат: Учесникот знае да креира, организира, котира и подготви технички цртеж во AutoCAD, како и да разбере основна 3D логика.
Го градиш просторот во 3D — од интерфејс и објекти, преку полигонско и subdivision моделирање, до материјали, Corona Render, светло, камера и финална визуелизација.
Практичен резултат: Учесникот знае да изгради 3D сцена, да моделира ентериер елементи, да постави материјали, светло, камера и да подготви финален render.
Разбирање на процесот од идеја до технички цртеж.
Практично искуство со AutoCAD за цртање, котирање, layers, blocks и layout.
Основи и напредни техники за работа во 3ds Max.
Изработена 3D сцена со материјали, светло и камера.
Финален render или визуелна презентација.
Проект кој може да се користи како почетен дел од портфолио.
Јасна слика што е потребно за понатамошно усовршување во ентериер и 3D визуелизација.
Во текот на програмата, студентите не учат само алатки изолирано. Тие работат на конкретни цртежи, моделираат елементи, поставуваат материјали, тестираат светло и камера, и подготвуваат сцени што изгледаат како реална презентација за ентериер проект.
Проекти изработени од студенти на Bootcamp-от за Внатрешен дизајн.
Програмата ја водат практичари со искуство во AutoCAD, 3D визуелизација, моделирање и реални проекти.

Ивица е дипломиран универзитетски инженер по машинство со повеќе од 3 години искуство како инструктор во SMX едукациите. Има силно практично искуство со AutoCAD, стекнато преку успешно завршени проекти, часови и обуки.
Во изминатите години има обучено над 10 групи студенти, помагајќи им да ги совладаат основните и напредните техники на AutoCAD и да ги применат во реални проекти. Неговиот пристап е практичен, јасен и насочен студентите веднаш да го разберат процесот на техничко цртање.

Димитар има 6 години искуство со 3D визуелизација користејќи 3ds Max, Corona и V-Ray. Специјализиран е за ентериери, екстериери и product modeling / hard surface моделирање.
Поголемиот дел од своето искуство го стекнал работејќи за странски компании, како и како фриленсер со архитекти, дизајнери и агенти за недвижности од различни земји. Знаењето го пренесува на јасен и применлив начин за сите што сакаат да навлезат во светот на 3D визуелизацијата.
CPD акредитацијата значи дека програмата има проверен квалитет и е препознаена од компании ширум Европа. Тоа ти дава предност при вработување.
CPD акредитацијата е доказ дека програмата ги исполнува европските стандарди за квалитет.
Добиваш официјален сертификат што го докажува твоето знаење и професионален развој.
Кредитите можеш да ги додадеш во твоето портфолио или CV и да ги искористиш при пријавување за работа, практикантска позиција или членство во професионални тела.
Иако самиот софтвер е обемен и богат со алатки и опции, го надминав со постојано следење на Димитар и применување на неговите совети во пракса. Во текот на целиот буткамп многу ми помогна неговото несебично споделување на искуство и знаење.
Програмата е интензивна, практична и стручно водена, совршена можност за сите кои сакаат сериозно да се посветат на внатрешниот дизајн. Ова е инвестиција што носи вистински резултати, и секој вложен момент ќе Ви се исплати со стекнато знаење, вештини и самодоверба.
Тоа што програмата беше практична и добро структурирана ми помогна полесно да се одлучам. Овој Bootcamp не е само обука, туку почетна точка за сите што сакаат да се изразат преку простор, функционалност и креативност.
Резервирај место пред редовниот есенски упис и искористи ги најповолните услови за програмата.
За да се пријавиш, пополни ја кратката форма со кликање на копчето „Пријави се", или директно контактирај нè на 077 648 049.
По пријавувањето, нашиот тим ќе те контактира преку телефон, Viber и email со сите важни детали.
Доколку сакаш веднаш да го обезбедиш своето место во групата, можеш да ја уплатиш првата рата или целосната сума преку линк за онлајн плаќање.
Секој впечатлив ентериер започнува со идеја — но станува професионален проект кога знаеш како да го нацрташ, моделираш и презентираш.